Даниел Крег ќе добие sвезда на холивудскиот Булевар на славните

од Vladimir Zorba

Актерот Даниел Крег (53), sвездата на филмовите за Џејмс Бонд, ќе ја добие својата ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните, туристичка атракција во Лос Анџелес, беше објавено.

Sвездата на Крег, 2704 по ред, ќе биде посветена за време на церемонијата на 6 октомври.

Ѕвездата ќе биде поставена на булеварот Холивуд 7007, што е почит кон популарното кодно име на неговиот лик, и ќе се наоѓа веднаш до sвездата на еден од неговите претходници, Роџер Мур.

Крег во моментов го промовира својот 007 филм „No time to die“, кој доби одлични критики и ја зајакна репутацијата на актерот како еден од најдобрите Бонд ликови.

Филмот веќе постигна голем успех во кината.

Тој оствари профит од 22 милиони долари во првите два дена по излегувањето на пазарите, вклучувајќи ги британските, ирските, германските и данските, објавија производителите.

Филмот ќе излезе во САД и Канада на 8 октомври.

Слични содржини