Даниел Крег откри зошто девојките на Бонд повеќе не постојат

од Nikola Popovski

„No time to die“, новиот филм за „aгентот 007“, се прикажува во кино салите ширум светот. Во филмот нема повеќе фатални „Бонд девојки“, па главниот актер мораше да објасни зошто е тоа така.

Публиката за прв пат го виде Џејмс Бонд во филмот „Др. Но“, уште во 1962 година, а девојките на Бонд тогаш беа се уште во фокусот.

Пуси Галор и Хани Рајдер се прикажани како атрактивни жени кои се многу помлади од Бонд.

Сепак, култната шпионска франшиза се најде на удар на критичарите затоа што ги прикажува жените на овој начин, а многумина веруваат дека начинот на кој Бонд се однесува кон нив не е соодветен за модерната публика.

Во последно време, режисерите се обидуваат да го решат проблемот со создавање ликови со девојки кои се еднакви на Бонд.

На пример, Лашана Линч ја игра агентката Номи во „No time to die“.

Во интервју за „Entertainment Weekly“, Даниел Крег изјави дека луѓето мора постојано да се правда кога зборува на оваа тема, односно наводите дека девојките на Бонд повеќе не постојат.

„Нема повеќе Бонд девојки. Тие повеќе не постојат. Можеби тие ќе се вратат некогаш, но не во моите филмови“, рече тој.

Искреноста на Крег изненади некои обожаватели, но тој никогаш не бега од тоа да биде целосно отворен.

Минатиот месец тој објави дека повеќе нема да глуми во филмските продолженија на Бонд, и додаде дека навистина не го интересира кој ќе го „преземе“ ликот после него.

Слични содржини