Даниел Редклиф: Поради Хари потер започнав да пијам, не можев да бидам трезен

Британскиот актер Даниел Редклиф, кој го глумеше Хари Потер во истоимените филмови, во интимен разговор за BBC откри дека започнал да пие поради улогата која му донесе светска слава.

Тој рекол дека луѓето се интересирале за него, но со одредена доза на исмејување, што одобено доаѓало до израз кога ќе излезел надвор и ќе се напиел. Алкохолот за него бил бегство од реалноста и тоа траело неколку години.

Имал едвај 11 години кога во 2001 година Хари Потер и Каменот на мудроста излегол во кината. Во одреден момент, тој бил единствениот кој ја издржувал фамилијата и чувствувал притисок дека мора да продолжи да глуми, пренедува LADbible.

„Пиењето беше застапено за време на снимањето при крајот на серијалот, но и по неговото завршување, во голема мера беше предизвикано од паника, а донекаде и незнаење за тоа што би требало да се прави. Не се чувствував доволно пријатно во своја кожа за да бидам трезна“, вели Редклиф.

Не пие алкохол веќе десетина години, но вели дека во минатото алкохолот му помагал на моменти да заборави колку е познат и дека е во центарот на јавноста.

„Забележував дека луѓето ме набљудуваат дека сум пијан па само пиев повеќе за да можам да ги игнорирам“, признал актерот, додавајќи дека многумина им се предаваат на пороците, како алкохол и наркотици, бидејќи тоа им дава забава, но нема никој кој искрено би им го одвлекол вниманието на тоа што се последиците.

Слични содржини