Даниел Редклиф ќе стане татко

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Даниел Редклиф се прослави со улогата на волшебникот Хари Потер во истоимениот серијал на филмови.

Имаше само осум години кога стана светски познат и отворено зборуваше за тоа колку е тешко да се поднесе притисокот и славата и дека во еден момент се свртел кон алкохолизмот.

Сепак, 33-годишниот актер успеа да ги остави пороците зад себе, а во тоа му помогнала неговата девојка Ерин Дрејк, која ја запознал на снимањето на филмот на кој работеле двајцата и вели дека тоа било љубов на прв поглед.

ПР-от на избраничката на Редклиф потврди дека таа и Даниел го очекуваат своето прво дете.

Слични содржини