Даниловски: Ќе се соочиме со сиромаштија ако донесеме престроги мерки

од Nikola Popovski

Епидемиологот Драган Даниловски за емисијата „360“ изјави може да се препорачаат мерки од типот на карантин во траење од месец дена и дефинитивно епидемијата да се совлада.

„Меѓутоа набргу после тоа може да се соочиме со масовни здравствени проблеми поради настанатата сиромаштија. Би имале малигни, душевни и кадриоваскуларни заболувања“, смета Даниловски.

Според него, премногу јак притисок може да предизвика поголема штета.

„Едноставно ќе се соочиме со сиромаштија ако донесеме престроги мерки“, вели Даниловски.

Слични содржини