Даночниот советник Гацов со прецизни математики колку изнесува данокот на доход при трговија со криптосредства

од Nikola Popovski

Формализацијата на трговијата со биткоини и други криптосредства ќе утврди еднакви правила во трговијата со дигиталните валути. По најавите на владата дека ќе се носи закон со кој ќе се легализира овој вид трговија, даночниот експерт Павле Гацов за „Локално“ вели: “Со евентуланото законско решение ќе се уреди  основот за стекнување, поседување и за продажба на криптосредствата како и основата за оданочување на доходот од криптовалути”.

Инаку Гацов потсетува дека овој вид трговија и досега се оданочува доколку се оствари позитивна разлика меѓу набавната и продажната цена на криптовалутата која е нематеријален имот со вредност.“Пресметувањето на данокот на доход се врши преку платформата на УЈП а плаќањето се врши после добивање на декларација од УЈП .За целите на пресметката на данокот , физичкото лице треба да приложи докази за набавната и продажната цена на криптовалутата”.

Тој преку практичен пример ја објаснува математика во ситуација кога физичко лице продало биткоин остварувајќи висока позитивна разлика меѓу куповната и продажната цена, а средствата се примени на девизната сметка на физичкото лице во земјата.

Набавка на криптовалута

5 биткоини Х 11.200 долари= 56.000 долари

56.000 долари Х 53,2632 (денари за 1 долар)= 2.982.739 денари

Набавна цена на еден биткоин  2.982.739 : 5= 596.548 денари

Продажба на криптовалута

3 биткоини х 38,585,86 долари= 115.757,58 долари

115.757,58 х 50,3211 (денариза 1 долар) = 5.828.049 денари (денарски износ примен на трансакциската сметка на физичкото лице)

Продажна цена на еден биткоин: 5.828.049 : 3 = 1.942.683 денари

Пресметка на капиталната добивка за 3 (ТРИ) биткоини:

Продажна вредност за 3 биткоини = 5.828.049

Набавна вредност за 3 биткоини (3 х 596.548) = 1.789.644

Согласно овој пример, остварена капитална добивка од криптовалутата е 5.828.049- 1.789.644 = 4.038.405 денари а данок на доход кој на крајот треба да го плати физичкото лице е 4.038.405 х 10%= 403.840 денари

Пред една година, на прашања на „Локално“, НБРМ ја потврди се поочигледната потреба од регулирање на овој вид трговија, иако и во глобални рамки не постои регулатива за издавање, вложување и тргување со криптосредства укажаа за високите ризици кои можат да произлезат од вложување во крипто-средства.

Во регионот, во Хрватска и Словенија веќе е регулирана трговијата со криптовалути и со биткоини може да се купува се. Србија воведува регулатива, Косово има криптомати каде што може да се  разменува биткоин, а во Европа најлиберални  воовој поглед  се Малта, Естонија, Литванија и Швајцарија  која има и биткоин банки.

К.В.С.

Слични содржини