Данска ги отвора границите за паровите кои се разделени поради коронавирусот: За да се сретнат повторно, тие мора да исполнат еден услов

од Nikola Popovski

Карантинот и социјалното растојание одвоиле многу парови ширум светот. Данска сега им овозможи на граѓаните чии партнери се во други земји повторно да бидат заедно, но под еден услов. Тие мора да докажат дека биле во врска веќе половина година.

Владата во понеделникот ги олесни мерките, што им овозможи на одредени граѓани од соседните земји да влезат во Данска, пренесува Си-Ен-Ен.

Ова се однесува само на постојаните жители на соседните земји на Данска – Германија, Шведска, Норвешка и Финска. Оваа одлука се смета за контроверзна од некои во Данска, затоа што оние што сакаат да ја преминат границата, ќе мора да докажат на полицијата дека биле во врска најмалку шест месеци.

Властите го усвоиле овој закон барајќи само потпишана изјава од партнерот како доказ дека се заедно.

„Полицијата ги замоли луѓето да ја докажат врската. Доказот може да бидат љубовни писма, фотографии или слични работи“, изјавил портпаролот на данската полиција.

Данска привремено ги затвори своите граници за странските државјани на 13 март за да го спречи ширењето на коронавирусот. Министерството за правда соопшти дека Данска размислува да ги отвори своите граници со нордиските земји и Германија, но исто така подготвува план за туризам, кој Владата ќе го објави до 29 мај.

Слични содржини