Данска ги укина стипендиите за студирање во Русија и Белорусија

од Nikola Popovski

Данските студенти кои студираат во Русија или Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи денеска парламентот во Копенхаген.

Според данскиот закон, граѓаните на таа земја имаат право на финансиска поддршка за време на нивните студии, без разлика каде студираат.

Смислата на тој систем е да им се овозможи на сите да студираат, без разлика на нивната финансиска состојба, односно студентите да не мора да работат како би заработиле.

Тие годинава добиваат 6.397 круни (860 евра) бруто месечно, но од таа сума треба да плаќаат данок.

Денеска пратениците одлучија студиите во Русија и Белорусија да бидат исклучени од таа програма до 1 јануари 2024 година.

Слични содржини