Данскиот премиер Ларс Расмусен предложи  на бегалците да им да бидат конфискувани сите скапоцености, парични средства од  над 400 евра и други скапоцености на луѓето кои поднеле барање за добивање азил, пренесоа агенциите.

20151220.kyjmqvgtcr

На овој начин, според него, ќе се компензираат потрошените средства за нивниот престој. Во предлогот се нагласува дека од конфискација ќе бидат исклучени брачните прстени и други вредности, кои имаат сентиментална вредност.Расмусен изјави во интервју за локалната телевизија ТВ2 дека неговиот предлог е во духот на националните традиции – секој кој располага со ресурси сам да се грижи за себе. “Не треба да заборавиме дека кај нас не доаѓаат само луѓе кои немаат ништо.

Стигаат и лица кои си ги продале куќи и друг недвижен имот. Тие располагаат со ресурси кои се доволни за да се грижат сами за себе. Слични правила важат и за самите дански граѓани кои бараат социјална помош “, истакна Расмусен.

Тој ги повика данските медиуми да ја преземат својата одговорност при покривањето на овој негов предлог и да не се праќаат погрешни сигнали во странство. “Мора да ставиме крај на емитувањето на погрешни и неточни пораки за Данска”, рекол  уште премиерот

Слични содржини