Данска и Финска ја суспендираат употребата на „Модерна“ за мажи под 30 години

од Vladimir Zorba

Финска ќе ја сопре употребата на вакцината „Модерна“ против Kовид-19 кај мажи родени 1991 година и подоцна, откако беа пријавени ретки кардиоваскуларни несакани ефекти, објави денеска Финскиот институт за здравје и социјална заштита.

Шведските и данските здравствени власти вчера објавија дека ќе престанат да ја користат „Модерна“ за помлади луѓе и деца. Норвешка веќе ја користи вакцината „Фајзер“ за сите деца, а сега се препорачува и за мажи на возраст под 30 години.

Скандинавските земји својата одлука ја засноваа на необјавена истражувачка студија која вклучува податоци од Финска, Шведска, Норвешка и Данска.

Слични содржини