Данска има намера да произведе 25% повеќе гас во Северното Море

од Vladimir Zorba

„Плановите на Данска да го зголеми производството на природен гас од своите наоѓалишта во Северното Море може да резултираат со вкупно зголемување од дури 25 отсто“, изјави министерот за енергетика и клима Ден Јоргенсен на денешниот брифинг со новинарите, пренесе Ројтерс.

Во обид да се ослободи од рускиот гас, данската влада денеска предложи зголемување на производството на гас во Северното Море, како и драстично зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, се додава во информацијата.

Слични содржини