Данска ќе ги уништи вишокот вакцини против Ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska

Данските здравствени власти денеска соопштија дека 1,1 милион вишок дози вакцини против коронавирус ќе бидат уништени во следните недели, бидејќи наскоро ќе им истече рокот на траење, а обидите да се донираат тие дози на земјите во развој не успеаја.

Statens Serum Institut, владина агенција која ја следи ситуацијата со Ковид-19 во Данска, соопшти дека епидемијата во таа скандинавска земја „во моментов е под контрола и дека има висока покриеност со вакцини кај оваа популација“, пренесува RSE.

Околу 81 отсто од 5,8 милиони жители на Данска примиле две дози од вакцината против Ковид-19, додека речиси 62 отсто примиле дополнителна вакцина.

Агенцијата наведува дека Данска, како и повеќето земји во светот, има вишок на вакцини. Додаваат дека Данска донирала девет милиони дози вакцини и дека соработува со другите земји од Европската унија во изнаоѓање земји кои ќе ги добијат вишокот вакцини.

Слични содржини