Данска нарачала 4 пати повеќе вакцини отколку што има население

од Nikola Popovski

Додека Европа и светот се соочуваат со сè потешка дистрибуција на новоразвиените вакцини против коронавирус, данските власти нарачале количини што се четири пати поголеми од населението во таа земја, пренесува Анадолија.

Данската агенција за лекови објави дека се нарачани 41,6 милиони дози вакцини против вакцини, што е доволно за вакцинирање на 24,8 милиони луѓе, а данското население брои вкупно 5,8 милиони.

Данците купуваат вакцини со посредство на Европската комисија, поточно вакцините од АстраЗенека, Санофи-ГСК, Џонсон и Џонсон, Фајзер/Бионтек, Кјурвак и Модерна.

Покрај тоа, Данска има резервирано дополнителни количини вакцини, доволно за да вакцинира уште три милиони луѓе и со тоа направи план за имунизација на вкупно 27,8 милиони луѓе.

Бројни меѓународни организации ги критикуваат богатите земји за нарачките и купувањето прекумерни количини вакцини, не оставајќи простор за посиромашните земји.

Слични содржини