Данска нема да имунизира со вакцината Џонсон и Џонсон

од Nikola Popovski

Данска одлучи да не ги вклучува вакцините од компанијата Џонсон и Џонсон во својата програма за имунизација против Ковид-19, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на информации од данските медиуми.

Претходно во април, Данска престана да ја користи вакцината на АстраЗенека, поради можна ретка појава на тромб, а суспензијата на вакцината Џонсон и Џонсон од употреба, која опфаќа една третина од нарачаните дози во данскиот здравствен систем, може значително да го забави процес на вакцинација во таа земја.

Европската агенција за лекови на 20-ти април објави дека е воспоставена можна врска помеѓу вакцината на Џонсон и Џонсон и ретката појава на згрутчување на крвта кај возрасни лица кои биле вакцинирани во САД, но истакнато е дека придобивките од вакцината е поголема од можните ризици.

Слични содржини