Данска со рекордни нивоа во искористување сончева енергија

од desk4

Данска, која е светски лидер во искористување енергија од ветрот,  постигнува напредок во секторот искористување сончева енергија во 2018 година.

Според  Dansk Energi, минатата година, сончевите електрани произвеле рекордна количина електрична енергија.  Уделот на производство на соларни електрани достигна 2,8 отсто во потрошувачката на електрична енергија.

Енергијата произведена од фотоволтаични електрани во 2018 година е зголемена за 25 отсто во споредба со 2017 година – од 768 GWh на 961 GWh.

Електраните на ветер  произведоа 40,8 отсто од електричната енергија во земјата, соодветно, нешто помалку во споредба со 2017 година. Според податоците, производството на енергија од ветер достигна рекорд од 43,6 отсто. Како причина за падот се споменува недоволно ветар во текот на летото.

Слични содржини