Данска студија: Маските просечна заштита од короната, но…

од Vladimir Zorba

Државната болница во Копенхаген (Rigshospitalet) соопшти дека големо истражување на група дански научници за ефектите од користењето хируршки маски во спречување на ширењето на коронавирусот покажало дека 1,8 проценти од оние кои носеле маски биле заразени, додека во групата која не носела маски се заразиле 2,1 процент од испитаниците.

„На крајот од студијата немаше значителна статистичка разлика во нивото на инфекција (коронавирус) помеѓу двете групи“, се вели во соопштението на студијата „ДАНМАСК-19“.

Како што е заклучено, нивото на заштита е „просечно“ од 15 до 20 проценти, а не очекуваните 50 проценти.

Авторите на студијата забележуваат, сепак, дека во групата испитаници кои ја користеле маската и не се заразиле, не може автоматски да се заклучи дека ексклузивната употреба на маската придонела за тоа.

Истражувањето на тимот научници беше спроведено врз група од 6.024 испитаници, поделени во две групи, со и без маски, и следеа еден месец, во април и мај 2020 година, каде што секој од испитаниците во секојдневниот живот мораше да помине најмалку три часа надвор од домот во секојдневни ситуации.

Во соопштението, исто така, се нагласува дека употребата на хируршки маски во тој период не била утврдена од властите во Данска како обврска и тие не биле широко користени на јавен простор, така што истражувањето покажува степен на заштита кога корисникот на маската е опкружен со многу големо мнозинство кои не користат маски.

Авторите на студијата „ДАНМАСК-19“ истакнуваат дека истражувањето не се занимавало во кој било аспект со ефективноста на маската во спречување на пренесување на коронавирус од веќе заразено лице на други лица и предупредуваат дека ова истражување не може да се искористи за да се покренат сомнежи за ефикасноста на маските како превентивни средства.

Слични содржини