Данското МНР демантира: Ја прифаќаме преговарачката рамка на С. Македонија

од Nikola Popovski

Откако Холандската амбасада во Скопје соопшти дека се целосно неосновани и лажни вести известувањата во некои медиуми дека Холандија и Данска ѝ дале поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка, се огласија и од Министерство за надворешни работи на Данска.

Од таму дека информациите објавени во бугарските медиуми кои укажуваат на тоа дека Данска се приклучила кон ветото на Бугарија за пристапните преговорите на Северна Македонија во ЕУ не се точни, објави порталот СДК.

„Данска е подготвена да ги прифати овие преговарачки рамки. Данска, дополнително, ја поддржува европската перспектива на сите земји на Западен Балкан. Во овој поглед, Данска го поддржува почетокот на пристапните преговори со Албанија и со Северна Македонија, откако ќе бидат исполнети условите утврдени од Советот за општи работи во март 2020 година“, велат од Министерството за надворешни работи на Данска.

Лажната вест прв ја објави бугарскиот весник „24 Часа“, повикувајќи се неименувани дипломатски извори од Брисел, а го цитираше и Фејсбук статусот на обвинетиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој, исто така, се повика на неименувани дипломатски извори во Брисел, тврдејќи дека две земји членки на ЕУ ја поддржуваат Софија.

Слични содржини