Дарја Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот „Ристо Шишков“

од Берта Китинска

Дарја Ризова, членка на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ) е избрана за најдобра актерка на 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој заврши денеска во Струмица.

Ризова ја доби наградата за улогата на Маша во ко-продукцијата претставата „Нема да биде крај на светот“ на МНТ, Перипетија продукција Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево , а по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ.

Наградата ја доделува жири-комисијата во состав: Ѕвездана Ангеловска, актерка (претседател на жири-комисијата), Нико Горшиќ, актер и Петре Арсовски, актер.

Оваа година повторно и се потврдува на Ризова нејзината максимална театарска професионалност и посветеност, која резултираше со уште една награда – четврта по ред.

Слични содржини