Дарја Ризова прогласена за најдобра меѓународна актерка во Турција

од Vladimir Zorba

Со затворањето на театарската сезона 2021-2022 година, жирито на Јени Тијатро Дергиси (Yeni Tiyatro Dergisi), во селекција на повеќе од 200 театарски претстави, го објави првиот дел од Меѓународните награди за достигнувања на најдобри актери, продукции и претстави во Истанбул.

Жирито, кое внимателно ги следи сите светски театарски трендови и вклучува значајни имиња и ветерани со големо мајсторство во својата област, едногласно ја додели наградата на нашата актерка Дарја Ризова за најдобра актерка на меѓународно ниво за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот”, копродукција на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција и Сараевскиот ратни театар – САРТР.

Ова за актерката е втора награда за најдобра актерка за истоимената улога/претстава, а на 13 јуни во културниот центар „Кадебостан” во Кадикој – Турција, и официјално ќе биде доделена статуетката на овој реномиран, светски театарски настан.

Слични содржини