„Дарко, Дарко, Дарко…“: Пред 29 години, Црвена Ѕвезда стана европски шампион (видео)

од Nikola Popovski

Црвена Ѕвезда го освои Купот на шампионите во Бари на 29.05.1991 година, победувајќи го Олимпик Марсеј, по подоброто изведување на пеналите со 5: 3 (0:0).

Плановите и идеите за кампањата за европскиот трон на „Маракана“ беа направени во средината на 80-тите години, а тандемот на водечките луѓе во тоа време бил Драган Џајиќ – Владимир Цветковиќ, кои ги донеле најдобрите играчи на домашниот пазар и создале тим што можел веднаш да се натпреварува на континентално ниво.

Така на 29.05.1991 година, по изведувањето  на пенали одекнале познатите зборови: „Црвена Ѕвезда е европски шампион! Дарко, Дарко, Дарко…“.

Дарко Панчев го постигнал решавачкиот гол во пенал серијата во финалето, по што стадионот „Свети Никола“ во Бари „експлодирал“.

Да потсетиме, во регуларниот дел и по продолженијата резултатот бил 0:0, а Црвена звезда славеle со подобар учинок на пенали со 5: 3 и се искачиле на покривот на Европа.

Во декември истата година, Ѕвезда ја освоила и титулата клупски светски шампион во Токио совладувајќи го чилеански Коло Коло со 3: 0.

Под водство на тренерот Љупко Петровиќ, Црвена Ѕвезда играла во финалето во следниот состав: Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанаџовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савичевиќ, Биниќ.

Слични содржини