Даштевски: 178 приговори до ДИК, 157 се прифатени

од Vladimir Zorba

Во текот на денешниот ден имаме 178 приговори во однос на избирачкото право, од кои 157 се прифатени, 12 се одбиени, за 9 постјат или постоеле во избирачки списоци во кои гласале соопшти денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција.

Тој апелираше досите во Општинските изборни комисии (ОИК) и избирачки одбори да обрнат посебно внимание до овластените набљудувачи и новинарите,бидејќи има јавувања дека се некоректни, некои не се пуштени да влезат.

– Тоа да не се сфати дека е масовно, но имаме такви информации. Имаме мирен изборен ден,сенадевам дека такаќе останедо крај. Апелирам и внимателно да се однесуваат членовите на избирачки одбори со набљудувачите и новинарите, секој да си ја извршува својата работа, истакна Даштевски.

Слични содржини