Даштевски: Арсовска води пред Шилегов со 7800 гласови

од Nikola Popovski

Во вториот круг од локалните избори во град Скопје одат актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов со освоени 77 852 гласови и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска со освоени 85 657 гласови, изјави вечерва претседатело на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција.

Според него, во однос на гласовите за советот на град Скопје, најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ 78 538, со што моментално би освоиле 17 советници.

-СДСМ освои 52 431 гласови, односно 12 советници. ДУИ има 26 338 гласови и 4 советници, ЛДП/ДОМ 8152 гласови и 2 советници, АА 11447 гласови и двајца советници, информира Даштевски.

Слични содржини