Даштевски е за одложување на изборите доколку партиите не се договорат за отпечатоците од прст

од Nikola Popovski

„Одржувањето на локалните избори ќе треба да се одложи за еден месец доколку до крајот на март политичките партии не се договорат околу идејата за земање отпечатоци од прст при гласањето“, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Тој апелира итно да се изгласаат измените на Изборниот законик, да се распише тендер за набавка на читачи, а потоа и меѓународен тендер поради високата сума, за што побрзо да се поврзат базите на податоци на граѓаните од МВР.

„Партиите да се договорат навреме, за тоа да може да се имплементира“, соопшти Даштевски.

Министерот за правда не крие дека ДУИ го отвориле прашањето, но вели дека  несогласувањата се технички. Во моментот кога ќе се дефинираат сите детали, измените ќе се изгласаат во Собранието.

Маричиќ ги негира обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ, дека СДСМ не сакаат да се гласа со отпечаток од прст.

Слични содржини