Даштевски: Терминали за отечаток на прст се користат во земји од третиот свет

од Vladimir Zorba

Терминали за отечаток на прст се користат во 50 држави, пред се од третиот свет, вели Александар Даштевски, претседател на ДИК во интервју за РСЕ.

Земјава е дел од НАТО, се стреми кон ЕУ и не може да си дозволи експерименти, како гласање за неколку секунди, како на претходни избори, вели тој.

– Во светот има 50 држави каде што се користат вакви машини, меѓутоа секако тоа се држави каде што треба да има. Имавме најсвеж пример од референдумот каде утврдените резултати ни укажуваат дека имало гласање за 7, за 9 секунди итн., значи сите тие недостатоци ќе се отстранат и сметам дека ќе имаме подобар фидбек, подобар осврт на работите како навистина стојат. Тоа би требало да биде така бидејќи ние нели се стремиме кон НАТО и ЕУ, не треба да си дозволиме такви експерименти да правиме, да гласаме за неколку секунди. Од друга страна тоа влева поголема сигурност на изборите доколку реално се почитуваат тие гласања, а ако не се почитуваат вметнато е во законот дека на тие места каде што не се почитува законот гласањето може да се поништи, вели Даштевски.

Слични содржини