Дац: Си тече во фоајето и на сцената, се молиме дождот да престане

од desk4

В.Д. директорот на Македонскиот народен театар вели дека поради лошо изведените градежни работи врз новоизградениот објект на кејот на Вардар, покривот протекува на неколку места. Низ театарот се поставени кофи за да ја собираат водата од плафонот.

– Си тече во фоајето, каде покривот не бил добро направен. Исто така, и на едно место на сцената, а и во машинскиот дел. Ставаме кофи и се молиме дождот да престане – вели Спасов за fakulteti.mk.

Според Дац, протекувањето е поради недоследности од самото градење на зградата.

На пример, театарот во самиот проект нема ниту фундус за сценографија. Сценографиите ни стојат во гаража или кај ќе им најдеме место. Драмски театар е од 1965 година и е барака, па си има посебен дел кај што се чуваат сценографиите. Немаме ниту фундус за костими – вели тој.

Од фотографиите, кои ги објави порталот, може да се види и прокиснатиот плафон во театарот. Инаку, се проценува дека изградбата на овој објект ја чинеше државата околу 40 милиони евра.

Слични содржини