Датум за преговори со ЕУ е обврска

од Vladimir Zorba

  

Демократскиот сојуз смета дека Советот на Европската Унија на Самитот во Брисел (закажан за 28 и 29 јуни), има обврска и одговорност, да донесе одлука за започнување на пристапните преговори со Република Македонија, со што ќе се деблокираат европските- интегративни процеси за нашата земја и ќе се отворат преспективи за Македонија.

Најавата за ВЕТО од некои земји членки на ЕУ (Франција и други), можат да го срушат постигнатиот Договор со Грција, кој е постигнат за деблокадата на евроатланските процеси.

Инаку Грција досега го користеше правото на вето односно носењето на одлуките на Советот на ЕУ со консензус, поради што Македонија има статус на кандидат за членство во ЕУ веќе 13 години, без можност да ги започне пристапните преговори за членство во ЕУ.

Демократскиот сојуз инсистира Македонија да биде ставена на таканаречена „брза лента” и интеграцијата да се одвива со забрзано темпо.

Без разлика на контраверзните ставови на опозиционите партии во врска со Договорот помеѓу Македонија и Грција, во Македонија постои партиски и граѓански консензус за полноправно членство во ЕУ И НАТО, како и препорака (препораки) на Европската Комисија за започнување на пристапните преговори.

Одлуката за определување на датум за започнување на пристапните преговори треба да биде безусловна и преговорите треба за започнат по Самитот на Советот на ЕУ, се вели во соопштението на Демократски сојуз

Слични содржини