„Даунинг Стрит“ демантира: Руска лага е дека премиерот Џонсон е на респираторна машина

од Nikola Popovski

Даунинг стрит ги негира денешните руските вести, откако медиумите во таа земја објавија дека Борис Џонсон се наоѓал на респираторна машина, пишува британскиот „Сан“.

Премиерот бил примен во лондонската болница синоќа – 10 дена откако беше тестиран позитивен за коронавирусот – и бил задржан таму преку ноќ. Руската новинска агенција „РИА Новости“ објавиле дека британскиот премиер е со тешка клиничка слика и ставен на респираторна машина.

„Дезинформација е. Нашите владини специјални единици забележаа зголемување на лажните вести што доведоа до погрешен пат од почетокот на пандемијата на коронавирус“, изјави портпаролот на британскиот премиер.

Тој рече дека е важно што таквите вести брзо се демантираат и дека властите имаат блиска соработка со социјалните медиуми, како би го спречиле ширењето лаги и гласини.

Слични содржини