Даути: Амандманите на Алијанса се однесуваат на здравјето и барањата на граѓаните за подобар живот

од Берта Китинска

Алијансата за Албанците има доставено 120 амандмани кои се однесуваат на здравјето, но голем дел се однесуваат на инфраструктурата, како неопходност за подобар живот, вели Илире Даути од Алијансата за Албанците во емисијата „Економски магазин“.

„ Конкретно во консултација со матични лекари и други лица кои се повикани на ова поле, побаравме набавка на мобилен кондензатор за кислород и кислородометар бидејќи од разговорот со лекарите се сметаше дека ова е најитна потреба од сите амбуланти целата територија на земјата, односно станува збор за амбуланти на републичко ниво. Додека амандманите во врска со инвестициите, инфраструктурата, водата за пиење, канализацијата, локалните, регионалните патишта и изградбата на автопатите, се презентираат како амандмани како потреби за кои се потребни итни решенија Имаме и многу амандмани во областа на образованието, бидејќи за жал имаме многу албански населби со училишта кои не ги исполнуваат основните услови за развој на наставата. Имаме и амандмани кои имаат врска со изградба на градинки“, рече Даути.

Воедно таа напомена дека неприфатливо е во буџетот да се каже дека се предвидени 271 милиони денари за изградба на основни училишта, додека не е нагласено за кои училишта станува збор.

„ Буџетските ставки што се предвидени таму не се придружени со конкретни програми, со имиња на програми што ќе не известат дека на пример училиште некаде што го претставив како амандман, можам конкретно да потенцирам за училиште во Долна Лешница за кое слободно можам да кажам дека е расадник за рептили, но не и училиште за предавање на деца, ваквиот амандман носи број над 300, што веројатно нема да може да се дискутира во Комитетот за Финансии“, рече Даути.

Слични содржини