Даути: И со влегување на некои опозициски партии во Владата, тешко би се создало потребното мнозинство за уставни измени

од Destan Jonuzi

И со влегување на некои опозициски партии во владата, парламенмтарното мнозинство не би го создало потребното мнозинство за уставните измени. Влегувањето на едни, повлекува ризик од излегување на други, од страв на губење на позиции, па изгледа ќе треба владината коалиција да се впушти со нив, со ветување на исполнување на некои нивни барања, вели во изјава за „Локално“, политичкиот аналитилар Даут Даути, коменитрајќи ја можноста за проширување на владината коалиција се со цел да се обезбеди парламентарно мнозиство за уставните измени.

– Во политичката практика, особено кај нас се случува ако власта оди налево, опозицијата да оди надесно! Не дека се нивните убедувања, туку едноставно, се создало свест дека мора да се контрира, дури и кога постои поинакво убедување…Е сега, многу е тешко да се најдат заедно во некој политички проект власт и опозиција, кои се убедени во своите „правилни“ постапки. И тука веќе станува збор на проценка што би било подобро, да се изгласа едно бенигно решение во уставот со внесување и на бугарите како постоечка етничка заедница (дека постојат, тоа е извесно од самиот факт што се впишале колку што се впишале во пописот и како доказ се овие здруженија со проблематични и провокативни имиња, кои се друга приказна), или да не ги гласаме и да чекаме пред вратите на ЕУ? Едното е компромис за постигнување на второто, кое е од висок национален интерес. Кога не би имало сомнеж за можни проблематични постапки на Бугарија (во секоја наредна фаза може да и текне на некоја влада да постави некој нов услов, а ЕУ пак ќе вели „договорете се“, без моќ да арбитрира), самото внесување на Бугарите во уставот не би требало да претставува проблем и за самата опозиција, ако ги стави на преден план интересите на државата, изјави за „Локално“, Даут Даути – политички аналитичар.

Според него, начинот на кој би се извело ова, е сосема небитен, дали со широка коалиција, дали само со поддршка во парламентот.

– Дури и со влегување на некои опозициони партии во владата, пр.Алијанса на Албанците или Движењето БЕСА, не би го создало потребното мнозинство. А како што гледаме, влегување на едни, повлекува ризик од излегување на други, од страв на губење на позиции, па изгледа ќе треба владината коалиција да се впушти со нив со ветување на исполнување на некои нивни барања. Од друга страна, заради постигнување на единство, можеби тука треба да припомогне претседателот со некоја своја иницијатива заради унифицирање на ставовите на партиите, иако и тоа изгледа тешко изводливо заради политичките калкулации за следните избори, вели Даути.

Тој потенцира дека опцијата за некоја техничка влада со оваа цел, или сеопфатна влада со сите парламентарни партии, секако би го отворило прашањето за нови избори.

– За предвремени избори во моментов не гледам расположение, а не сум сигурен што би било подобро за земјата во овие кризни ситуации низ кои минуваме(енергетската, економската, геополитичката…), нагласи тој.

Д.Ј.

Слични содржини