Давид Хосе Писонеро е нов тренер на Вардар

од Vladimir Zorba

Шпанецот Давид Хосе Писонеро (46) договори две годишна соработка со европскиот ракометен шампион Вардар. Тој ќе је преземе екипата на „црвено-црните” летово, откако ја презема позицијата од Роберто Гарсија Парондо.

Писонеро доаѓа од Валјадолид, Шпанија каде беше тренер последниве две сезни. Претходно бил играч 12 години, од кои девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.

Како тренер почнал во Валјадолид. Во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на СП 1993 година во Египет.

Како играч двапати го освои Купот Асобал со Кантабрија и Валјадолид, и неколкупати бил вице-шампион во неколку натпреварувања, вклучувајќи го Купот на ЕХФ и Купот на градовите, и тоа двапати со Валјадолид. Со Сантандер го освои клупскиот светски куп во 1997.

Од активно играње се откажа во мај 2003 година на 30 годишна возраст поради повреда.

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, изјави Давид Хосе Писонеро, цитиран од клубот.

Слични содржини