Давид Виља најави крај на кариерата

од Aleksandar Petrovski

Шпанскиот голгетер Давид Виља реши да ја заврши фудбалската кариера по крајот на сезоната во екипата на Висел Кобе.

Виља е освојувач на европската (2008) и светската титула (2010) со репрезентацијата на Шпанија, а од активно играње фудбал ќе се прости на крајот на годината кога ќе го прослави 38. роденден.

„Долго размислував за одлуката. Таа е резултат на долготрајна дискусија со семејството и пријателите. Сакам да ја завршам кариерата“, изјави Виља.

Најмногу успех имаше во Барселона во периодот од 2010 до 2013 година кога освои осум трофеи меѓу кои две титули во Примера и Лига на шампионите, а ќе остане запаметен и по голот во финалето на Вембли во триумфот над Манчестер Јунајтед (3:1).

Слични содржини