Давитковски: Во изминатите 30 години, нашата земја не успеа да направи граѓанско општество

Во своето гостување во „Утрински брифинг“, универзитетскиот професор, Борче Давитковски посочи дека во изминатите 30 години нашата земја не успеала да направи едно граѓанско општество, во која како што вели, граѓаните ќе ги остваруваат своите права на брз и лесен начин, особено пред органите на администрацијата.

„За жал, сè повеќе и повеќе градиме една партизирана држава, така што видовме која политичка партија ќе дојде на власт, првите до 3.000 до 4.000 раководни кадри во админситрацијата и пошироко во јавната администрација се менуваат. Тоа е лошо, бидејќи се прави без критериум, партизирано е, и не е добро. Ние имаме европски закони и за сите закони добиваме одлични критики и препораки од европските експерти, но фали имплементација на истите, односно, според мене, треба да имаме политичка волја, пред сè, од оние кои се носители на извршната влас“т, изјави Давитковски.

Меѓудругото, Давитковски вели дека ДКСК е избрана по посебна постапка, и поради дека Владата е затечена, бидејќи чувствуваат дека оваа пандемија во самиот политички и економски систем мора да се реагира. Оттаму ставен е министер кој исклучиво се занимава со проблемот на корупцијата, иако тоа е невообичаено за европски стандарди.

Исто така, тој вели дека ако сакаме да спроведеме ветинг, треба да се спроведе на целиот правосуден систе. И сите засегнати страни, како што вели, треба да одат во ист пакет.

„Ако се донесеше Законот за поништување на лустрацијата, сите судии од Управниот суд кои ги потврдиле решенијата на Комисијата за лустрација, за нив ќе се преиспитуваше работата и ќе се создадеа основи за разрешувања“, посочи Давидковски.

Слични содржини