Поранешниот турски премиер, Ахмет Давутоглу денес изјави дека сојузот на Партијата за правда и развој (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган со националистите, им наштетил на АКП, објави „Ројтерс“.

Давутоглу, кој беше висок претставник во АКП, беше премиер од 2014 до 2016 година, пред да се влоши неговата врска со Ердоган.

АКП ја загуби контролата над Анкара и најголемиот турски град Истанбул на локалните избори на 31 март, потсетува „Ројтерс“.

„Резултатите од изборите покажаа дека политиката на Алијансата (на Републиканската коалиција на АКП со Партијата за националистичка акција – н.з.) и наштети на нашата партија и што се однесува до поддршката на гласачите, и до идентитетот на партијата“, посочи Давутоглу.

Слични содржини