113
Телото на рускиот пилот, убиен кога турските ловци минатата недела го соборија рускиот авион, доцна синоќа е префрлено во Турција, за да биде предадено на Русија на барање на официјална Москва, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Тој наведе дека со телото се постапува во согласност со православните обичаи.
Давутоглу, кој утрово одржа прес конференција за медиумите пред заминување за Брисел на состанок со лидерите на ЕУ на тема бегалци, истакна дека со оглед на тоа дека во Сирија делуваат различни коалиции со различни цели, може да се случи нов инцидент како соборувањето на авионот, доколку не биде интензивирана размена на информации и координација.