Почетна / Спорт / Де Лихт прогласен за „Најдобар млад фудбалер“ од „Франс фудбал“

Де Лихт прогласен за „Најдобар млад фудбалер“ од „Франс фудбал“

Дефанзивецот на Јувентус, Матаис де Лихт е прогласен за „Најдобар млад фудбалер за 2019 година“ во анкетата на „Франс фудбал“. Тој ја доби наградата „Копа“ за играч до 21 година.

Дваесет-годишниот играч ја освои наградата главно за неговиот одличен настап во дресот на Ајакс, со кого беше на секунди од финалето во Лигата на шампионите.

Покрај тоа, Де Лихт заврши на 15-тата позиција во анкетата за „Златна топка“.

Џејден Санчо (Англија / Борусија Д) остана втор за наградата „Копа“ а трет е Жоао Феликс (Португалија / Бенфика / Атлетико Мадрид).

loading...