Де Лихт: Роналдо не беше фактор за мојот избор

од Vladimir Zorba

Матаис Де Лихт беше претставен како ново засилување на Јувентус. 19-годишниот Холанѓанец беше посакуван од многу европски гиганти, но тој го избра тимот Торино. Дефанзивецот беше привлечен од Ајакс за 75 милиони евра.

По финалето на Лигата на нациите, Де Лихт имаше краток разговор со Кристијано Роналдо. Тоа покрена голем број шпекулации дека Португалецот имал влијание врз изборот на Де Лихт. Сепак, Холанѓанецот сепак ги отфрли овие информации.

„Тогаш веќе бев сигурен дека сакам да преминам во Јувентус, но сепак беше голем комплимент Кристијано да ми каже дека сака да се приклучам кон тимот. Тоа сепак не беше фактор за мојот избор, изјави Де Лихт.

„Дојдов тука, бидејќи Италија има големи традиции во однос на дефанзивците. Јувентус е голем чекор напред за мене. Разговарав со Сари на телефон за да се запознаам, и слушнав многу добри работи за него и ми се допаѓа фудбалската филозофија и како ја подготвува својата одбрана“.

Холандскиот репрезентативец откри дека од дете е фан на Јуве, откако вчера пушти слика со дрес на клубот: „Оваа слика со дрес на Јувентус е снимена кога имав шест или седум години. Во тоа време Фабио Канаваро играше во тимот и јас секогаш му се восхитував.Секогаш сум бил фан на Јувентус“.

Де Лихт е сигурен дека направил вистински избор и се надева дека ќе освои трофеи со клубот.

„Учествуваме во четири турнири и сакаме да победиме во сите. Ова е менталитетот на Јувентус. За мене е голем чекор, првото излегување од татковината. Се уште сум млад, но мислам дека имам доста искуство за 19-годишен фудбалер. Го направив овој трансфер, за да научам од играчите овде. Се уште можам да се развивам и сакам да го направам тоа. Важно е да работам секој ден, да учам и да се надевам дека ќе станам подобар играч“, додаде Де Лихт.

Слични содржини