Де Лихт сака да го напушти Јувентус

од Vladimir Zorba

Матијас Де Лихт побара да го напушти Јувентус ова лето. Ова се случи откако вчера претставниците на играчот имаа средба со раководството на „бјанконерите“ за да разговараат за евентуален нов договор на Холанѓанецот.
Рафаела Пимента, која ги наследи активностите на Мино Раиола, беше во Торино поради Пол Погба, но такви проблеми немаше и Французинот ќе потпише со „Старата дама“.

Според „Кориере дело Спорт“, големи се неусогласеноста во барањата на Де Лихт и она што клубот е подготвен да го даде, а по вчерашната средба, претставниците на Холанѓаните немаат намера повторно да седнат на маса со Јуве.

Дефанзивецот е незадоволен и од нивото на тимот, откако во последните две сезони заврши на четвртото место и во оваа фаза селекцијата доцни. 22-годишниот дефанзивец има договор до 2024 година, а клубот сака да го продолжи договорот до 2026 година.

Агентите на Де Лихт не се задоволни од желбата на клубот повторно да стави висока клаузула. Моментално е 125 милиони евра, а следното лето ќе се зголеми на 140 милиони. Пимента сакаше клаузулата да биде околу 75 милиони, колку што беше купен од Ајакс. Имаше уште едно несовпаѓање околу неговата плата. Моментално, сепак, е еден од најплатените играчи во тимот и заработува 10 милиони евра по сезона.

За Де Лихт е заинтересиран Челси, а според „Sportitalia“, и Манчестер Сити може да се приклучат на наддавањето.

Англиските медиуми меѓу кандидатите за неговиот потпис го ставија и Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ тој може повторно да се обедини со својот поранешен тренер Ерик тен Хаг.

Слични содржини