Де Минор се повлече од Вимблдон, Ѓоковиќ во полуфинале без борба!

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Алекс Де Минор се повлече од Вимблдон поради повреда, што значи дека Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше во полуфиналето!

Повредата на колкот на Алекс Де Минора, која ја заработи во против Французинот Бартон Филс, го отстрани од понатамошното натпреварување, па Србинот доби неочекуван одмор и пласман во полуфиналето на најстариот Гренд слем.

Де Минор наскоро ќе одржи прес-конференција на која и официјално ќе го објави своето повлекување од Вимблдон.

Британските медиуми доцна синоќа објавија дека Алекс Де Минор се обидува да ја сокрие од јавноста сериозноста на повредата со која се здоби во осминафиналето и дека ситуацијата е далеку посериозна отколку што изгледаше на почетокот. Тоа на крајот се покажа како точно…

Имено, Де Минор воопшто не тренираше во вторникот. Тој не немал ниту лесен тренинг, а неговиот тим бил невообичаено мистериозен и молчалив кога го прашале за состојбата на неговиот повреден колк.

Слични содржини