Жителите на дел од Хамбург беа евакуирани ноќта меѓу саботата кон неделата, откако беше откриена бомба од Втората светска војна.
Непосредно по полноќ, пожарникарите, кои беа распоредени во голема операција, на социјалните мрежи објавија дека бомбата е деактивирана.
🟡 UPDATE
🚫 Sperrradius von 300m
⚠️ Warnradius von 500mDer Sperrradius wird evakuiert!
Im Warnradius sind Fenster und Türen geschlossen zu halten und dem Gefahrenbereich abgewandte Räume aufzusuchen! Nicht im Freien aufhalten!#HHBombe1210 pic.twitter.com/YGE5pubpyP— FEUERWEHR HAMBURG (@FeuerwehrHH) October 12, 2024
Неколку илјади луѓе мораа да ги евакуираат своите домови во популарната населба Стерншанзе, а полицијата ги евакуираше и рестораните и баровите во областа.
Бомбата била пронајдена при градежни работи во теренот на основното училиште.
Полицијата во Хамбург во неделата наутро соопшти дека мерките за гасење пожари постепено се укинуваат.