Деаноски: Бараме 2806 денари за сите од хигиеничар до претседателот на државата

од Nikola Popovski

Ние бевме 95% договорени. Договорот беше едноставен, 2806 денари за сите, линеарно од хигиеничар до претседател на држава. Бевме убедени, добивме впечаток од страна на претставниците на влада дека се е готово, по што комуникацијата прекина, информира лидерот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Според него, ако 30 месеци не е завршена реформата на администрација, не може да се очекува да се заврши нова методологија за 3 месеци.

-Министерот за финансии купува време, пробување на начин за непомагање на работниците во најголема инфлација, за да куповната моќ слабее и да не се помогне на ниту еден вработен во јавниот сектор. И ова наше барање е добиено со попуштање во секој сегмент. Добивме празни ветувања. Барањето е јасно, преговори да се водат се излишни, рече Деановски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини