Деаноски: Да сум премиер, би ги разрешил сите министри што не исплатија минимална плата

од Nikola Popovski

Задоволни сме од одзивот во прекинот на работата. Станува збор за околу 13 до 14 илјади вработени. Денеска немаше притисоци, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски во однос на предупредувачкиот прекин на работата на вработените во администрацијата и правосудството.

Според него, ова се црвените линии под кои нема долу.

-2806 денари е разликата од минатата вредност на минималната плата со сегашната вредност на минималната. Премала е, но испраќаме порака до владата дека сме кооперативни за да седнеме на маса. Бараме за сите оние што не се усогласи платата. Не го сфаќам односот на владата кон вработените и не можам да го разберам објаснувањето. Не ни треба измена на законот за администрација за да може да се добие износот на минимална плата. Министерството за за информатичко општество и администрација даде допис дека мора сите да исплатат согласно законот за минимална плата. Зошто Министерството за финансии и другите министерства не постапуваат како МИОА и не исплаќаа минимална плата година дена, а еве и сега? Зошто другите не го почитуваат законот? Денеска ме прашаа новинарите, им кажав: Јас да сум премиер, сите тие министри што не исплатија минимална плата, би ги разрешил за пет минути, вели Деаноски во емисијата „360“.

Слични содржини