Дебар: Хоспитализирани 30 пациенти, сите на кислородна поддршка

од Берта Китинска

Во последното деноноќие, како последица од Ковид-19 починаа две лица од дебарско, едно во ковид центарот во Општата болница со проширена дејност во Дебар, додека другото во здравствена установа во Скопје, информираше за МИА, Баки Алили, директор на болницата.

– Еден од пациентите е жител на село Отишани, дебарско, додека другиот на село Баланци, општина Центар Жупа. Во инфективното и хируршкото одделение, хоспитализирани се 30 ковид пациенти, сите на кислородна поддршка. Моментно имаме на располагање уште седум болнички кревети, додава Алили.

Според него амбулантски се лекуваат во просек по 20 пациенти, додека за преглед се јавуваат по двапати повеќе.

Слични содржини