Дебарчанец бил измамен за 5.000 денари

од desk2

Во петокот, во 16,55 часот во Полициската станица Центар Љ.С.(28) од Дебар пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата „Тодор Александров“ од страна на две лица бил измамен и му земале 5.000 денари.

Лицата го пресретнале оштетениот и му кажале дека на едниот од нив му требаат 5.000 денари, со цел да плател инфузија за сопругата, а како гаранција му оставиле нараквица што наводно вредела и му рекле дека ќе се вратат.

Оштетениот им ги дал парите и ги чекал некое време, но истите не се вратиле, по што пријавителот сфатил дека бил измамен. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини