Актуелно
Почетна / Хроника / Дебарчанец привeден откако гласачкото ливче го фотографирал со телефон

Дебарчанец привeден откако гласачкото ливче го фотографирал со телефон

Приведен е дебарчанец, кој откако гласал на избирачко место го фотографирал гласачкото ливче.

-Приведено е лицето А.Д.(30) од Дебар, врз основа на барањето за интервенција од страна на претседателот на избирачкиот одбор лоциран во деветолетката „Саит Нјадени“. Тој во 13:15 часот откако гласал, со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче, потврди за МИА, Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешн работи – Охрид.

Против дебарчанецот ќе бидат превземени соодветни законски мерки.

Изборнот ден, инаку, и во Дебар и во Општина Центар Жупа, минува без проблеми, со постојан раст на одѕивот на гласачи.

loading...