Дебелината кај децата се почест проблем: Како да се избегне?

од Stefanija Kuzmanovska

Според статистичките податоци, од година во година има се повеќе дебели деца, а дополнително загрижува што вишокот килограми преовладуваат во предучилишната возраст поради полесниот пристап до „брза храна“.

За да не бидат дебели кога ќе пораснат, децата мора да го променат начинот на исхрана во раната возраст. Би требало најнапред да се исфрлат од употреба „вештачките“ сокови и пијалоци, и да се преориентираат на вода и природни сокови, без многу шеќери. Масната, калорична храна заменете ја со овошје и зеленчук, а месото подобро испечете го.

Најдобро би било грицки воопшто да не јадат, а ако веќе мора, тоа нека биде домашен чипс од компири печени во рерна или суво овошје. Наместо готвени јадења, сервирајте им свежи зготвени оброци.

Внесувањето на јајца би требало да се ограничи на пет неделно, а пожелно е да се намалат и масните сирења, кајмак и висококалоричното јаткасто овошје и семки.

Прилагодете ги оброците според возраста и физичката активност и трудете се да избегнуваат да јадат пред телевизор или компјутер.

Слични содржини