Децата на Хари и Меган добија титули: Арчи и Лилибет станаа принц и принцеза

од Stefanija Kuzmanovska

Децата на војводата и војвотката од Сасекс официјално ги добија титулите принц и принцеза, објавено е на официјалната веб-страница на британското кралско семејство.

Објавата дојде еден ден откако Хари и Меган објавија дека нивната ќерка Лилибет е крстена.

Тригодишниот Арчи и Лилибет, која наполни една година, се прогласени за принц и принцеза од Сасекс.

Арчи е шести во редот за тронот, а Лилибет е седма.

Правилата со кои се регулираат титулите на кралските деца биле поставени од кралот Џорџ Петти, дедото на кралицата Елизабета, во 1917 година.

Арчи и Лилибет не беа принц и принцеза по раѓањето, бидејќи не биле внуци на монархот, но тие го стекнале правото на овие титули кога кралот Чарлс се качил на тронот.

„Титулите на децата се право по раѓање откако нивниот дедо стана монарх. Оваа работа е решена веќе некое време во договор со Бакингемската палата“, изјави портпаролот на принцот Хари и Меган.

Слични содржини