Времето кое децата го поминуваат пред телефонот или телевизорот се зголемило драматично во текот на изминатите 20 години, покажува  истражување објавено од БиБиСи.screens kids-and-technology

Деца на возраст од 5 до 16 години трошат во просек по шест и пол часа на ден пред екранот, во споредба со околу три часа во текот на 1995 година, според анкетата на истражувачката компанија “Childwise”.

Момчињата во тинејџерската возраст поминуваат подолго време пред екранот – просечно осум часа. Осумгодишните девојки пак седат пред монитори најмалку – просечно по три и пол часа.

Истражувањето вклучува гледање телевизија, играње на компјутер, видео игри, користење на мобилен или таблет. Извештајот претставува компаративни податоци со 1995 година до денес за изградба на сеопфатна слика на детските технолошки навики. Во истражувањето учествувале 2000 деца меѓу 5 и 16 години. Резултатите покажуваат дека со годините нанапред до 2014 година, времето поминато пред екрани, се зголемило во просек за 4 час и половина. Децата стануваат се позбунети со технолошките уреди и да користат повеќе од еден истовремено, на пример гледаат телевизија додека сурфаат на интернет.

Слични содржини