Децата во Британија стануваат се пониски, подебели и поболни поради лошата исхрана и сиромаштија

од Milan1
249 прегледи

Децата во Велика Британија стануваат се пониски, подебели и поболежливи поради лошата исхрана и сиромаштијата, се вели во извештајот на лондонската добротворна организација „The Food Foundation“. Организацијата ја повика следната британска влада да преземе акција за да ја промени моменталната ситуација со лошата исхрана на децата, објави Скај њуз. Организацијата предупреди дека ако тоа не се стори може да го зголеми притисокот врз јавниот здравствен систем. Исто така, се нагласува дека „агресивната промоција на евтина брза храна“ влијае на влошување на здравјето и благосостојбата на децата.

Во извештајот се вели дека просечната висина на петгодишните деца опаѓа од година во година од 2013 година, при што момчињата и девојчињата во Британија се рангирани како најниски и втори најниски по висина во споредба со другите земји со високи приходи.

Дебелината кај децата на возраст од 10 до 11 години, исто така, е зголемена за 30 отсто од 2006 година, при што секое петто дете е класифицирано како дебело. Болестите поврзани со исхраната, како што е дијабетесот тип два, исто така се во пораст кај помладите од 25 години, зголемувајќи се за 22 отсто во изминатите пет години, наведиваат од оваа организација.

Од организацијата посочуваат и дека поскапувањето на храната го влошило проблемот со лошата исхрана на децата и нивното здравје.

Слични содржини