Дедо Мраз од Скопје ни раскажа: Децата имаат само една желба короната побргу да ја снема

од Берта Китинска

Ведра, насмеа и забавен дедо Владимир Малинка-Мики од Скопје веќе 25 години буди насмевки како кај малите така и кај возрасните правејќи се како Дедо Мраз.

Овој осумдесет и двегодишен симпатичен старец со руско потекло, вели дека решил да пушти брада која почнала да бееле па така неговите колеги од работа му предложиле и купиле униформа за тој да биде Дедо Мраз.

За својата услуга не наплатува

Ме повикуваа многу луѓе и ми велат: “Ќе ти платиме“. Велам дека не сакам пари. Тука сум да ги развеселам луѓето… Пред неколку години бев гостин во една фирма, тие почнаа да ме прашуваат колку треба пари да ми дадат, а јас упорно им велев дека не сакам и си заминав. Кога пристигнав дома забележав дека во јакната ми беа стaвени 2000 денари веднаш се вратив за да им ги дадам парите, но тие упорно ги одбиваа, тогаш решив со нив да ги почастам своите пријатели бидејќи не сакам својата традиција и ветеното да го прекршам, раскажува Малинка.

Дедо Мики не се плаши од коронавиурсот

-Оваа година бев повикан на неколку места каде и да одма си носам маска. Оставам луѓето да одлучат дали ќе влезам дома ќе нив.Јас не се плашам ако дојде короната, само лесно да помине, вели тој додаваќи дека ќе се вакцинирам само ако ја добиеме руската вакцина и дека друга не прифаќа.

Децата се искрени и чисти души

Изминативе години бев редовен гостин во градинките, кај пријатели, различни организации, по домови за деца без родители и во старечките домови. Се сеќавам бев гостин во една фирма каде дојдов пред дечињата да ги пуштат да влезат во просторијата седнав на столица и земав весник да читам..Тогаш ми пријде едно девојче кое имаше околу 5-6 години и ми рече: „Hello, и веднаш се сврте кон тако и му рече: Тато, тато, брзо сликај го овој Дедо Мраз знае да чита.Ме насмеа и ѝ реков како не па и тој бил во училиште за да знае да чита и пишува…Тогаш девојчето се зачуди и ми рече леле па ти знаеш и македонски, јас мислев дека ти живееш во шума со ирвасите и си неписмен…низ смеа раскажува дедо Мики.

Тој вели дека оваа година децата посакуваат побргу да заврши короната.

-„Дедо Мраз сакам побргу да излезам и да играм со своите другарчиња без маска“ ми кажа едно мало детенце, јас мислев дека децата се среќни што не идат во училиште и учат од дома, но тие посакуваат да се вратат за да се дружат со другарчињата. Сакам да се вратам во училиште и да ги видам другрите, ми кажа едно седумгодишно дете, вели Малинка.

Покрај ајфони, таблети, паметни часвници…Има деца кои сакаат да имаат среќно семејство.

-Еднаш се расплакав кога едно девојче ми кажа дека сака „мама и тато да бидат заедно“, а едно момче ме растажи кога ми рече дека сака да не го караат дома. Го прашав зошто го караат и ми рече: „Зашто сум немирен“, вели Мики.

Желба за 2021 година

Дедо Мраз вели дека наредната година посакува короната да помин и дека упорните секогаш успеваат.

-Дај боже оваа корона да помине и живото да се врати во нормала, вели Мики додавајќи дека само упорните луѓе, оние кои имаат трпение и се работливи успеваат.

Б.М

Слични содржини