Дефинитивен крај на Суперлигата: Девет клубови официјално се откажаа и ќе бидат казнети

од Vladimir Zorba

Љубовта меѓу богатите не траеше долго. За помалку од 48 часа, клубовите требаше да се откажат од идејата за основање на познатата Суперлига, а неколку недели подоцна имаше целосен раздор меѓу иницијаторите на натпреварувањето, што целосно требаше да го промени фудбалот,

УЕФА победи и доби официјално покајание од дури девет од 12-те клуба, сепак, тројца сè уште не сакаат да се откажат. Доследни на идејата остануваат Реал Мадрид, Јувентус и Барселона, кои се чини дека немаат намера да попуштат и да го признаваат поразот, како и Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Челзи, Арсенал, Атлетико Мадрид, Интер и Милан.

Затоа ги очекуваат подрастични казни, пишува АП.

Девет од клубовите кои се повлекоа ќе мора да отстапат пет проценти од наградниот фонд на УЕФА за следната сезона во која ќе играат на меѓународни натпреварувања. Покрај тоа, тие ќе треба да платат заедно 15.000.000 евра како „гест на добра волја“ за младинскиот фудбал и клубови од пониска класа, а доколку повторно преговараат за „одметнатото“ натпреварување, ќе бидат казнети со 100.000.000 евра, како и 50.000.000. доколку го прекршат споменатиот договор со УЕФА.

Тројката, која не сака да се откаже од создавањето на Суперлигата, во четвртокот издаде заедничко писмо, обвинувајќи ги несовесните сојузници за материјално кршење на договорот на основачите. Заради тоа се најавени правни постапки и мултимилионски казни, пишува „Њујорк тајмс“, но се чини дека и овој план паѓа во вода на Реал, Барса и Јуве.

Имено, според договорот за формирање на Суперлигата, целиот проект пропаѓа доколку девет од вкупно 12 клуба се откажат. УЕФА инсистираше на тоа како целосно да се смири бунтот, затоа беа објавени поблаги казни за оние што се покајаа. Оние што нема да го сторат тоа во официјално писмо, според претходните најави, може да бидат суспендирани на две години кога станува збор за учество во Лигата на шампионите или Лигата на Европа, а беше спомената и забраната за националните федерации, иако не е наведено во на кој начин

Засега, според АП, Реал, Барселона и Јувентус ги очекуваат сериозни санкции од Дисциплинската комисија на УЕФА. Ќе видиме кои.

Слични содржини